24фудбал

Анчелоти: Мора да почнеме повторно да играме добро

Карло Анчелоти се надева дека од дуелот со Шалке, Реал Мадрид ќе ја крене формата која бележи пад во изминатиот период.

Лига на Шампиони
Реам Мадрид имаше одличен старт на сезоната, но следуваше пад кој кулминираше со високиот пораз од Атлетико Мадрид.
 
Карло Анчелоти посакува неговиот тим да ја врати формата и да одигра најдобро кога е најпотребно, во завршниот дел од сезоната.
 
„Треба да уживаме во овој натпревар и момент. Мора да почнеме повторно да играме добро со интензитет и мотивација" - вели Анчелоти.
 
„Уверен сум во тоа бидејќи мислам дека имавме добар натпревар против Депортиво иако не ни беше лесно, мислам дека против Шалке ќе бидеме подобри".
 
„Во Примера имаме голема мотивација бидејќи сме на врвот на табелата. Нема поголема мотивација од тоа да ја освоите лигата".
 
„Во Лигата на Шампионите го браниме трофејот, па и тука мотивацијата ни е на највисоко ниво".
 
„Историјата вели дека е тешко да се одбрани титулата, но не е невозможно. Ќе пробаме".