24фудбал

Грозни сцени во Париз: Фанови на Челзи со расистички испад во метро (ВИДЕО)

Инцидент во Париз во режија на навивачите на Челзи кои не му дозволија на човек со црна боја на кожата да се качи во метро, притоа пеејќи расистички песни.

Лига на Шампиони
Група навивачи на Челзи ја истакнаа својата примитивна страна откако не му дозволија на човек со црна боја на кожата да се качи во метро.
 
За мизеријата да биде уште поголема, тие му пееа: „Ние сме расисти, ние сме расисти и тоа ни се допаѓа".
 
Лондонскиот клуб најави дека ќе следува казна за овие навивачи доколку тие бидат идентификувани.