24фудбал

Гвардиола: Ќе победиме во реваншот

Пеп Гвардиола верува дека неговиот тим ќе победи на Алијанц Арената и ќе се пласира во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Баерн Минхен доминираше на гостувањето кај Шахтјор но не успеа да победи, Баварците последните 25 минути ги играа без Чаби Алонсо кој заработи втор жолт картон.
 
„Долго време игравме со играч помалку на овој дуел и тоа ни ја отежна работата" - вели Гвардиола.
 
„Го контролиравме натпреварот но креиравме неколку вистински шанси".
 
„Секогаш е подобро кога ќе постигнете гостински гол бидејќи сега ќе мораме да победиме во реваншот, но верувам дека ќе го направиме тоа".