24фудбал

Мурињо: Челзи играше со пет повредени фудбалери

Жозе Мурињо е задоволен од резултатот, има пофалби за ПСЖ, но не пропушти да се пожали, овој пат дека во тимот имал пет фудбалери кои не тренирале поради повреди.

Лига на Шампиони
Челзи со позитивни 1-1 се враќа во Лондон, Жозе Мурињо е задоволен од резултатот иако вели дека ништо не решено. Но Португалецот најпрво се пожали поради повредени фудбалери.
 
„Понекогаш луѓето зборуваат за фудбалерите кои се повредени и не играат. Но има и повредени фудбалери кои играат" - вели Мурињо.
 
„Повредените фудбалери кои играат не тренираат. Во овој тим имам пет фудбалери кои не тренираа. Не тренираа ниту еднаш од натпреварот со Евертон".
 
„Се загреваа само синоќа на тренингот за медиумите да видат дека ќе бидат на теренот. Задоволен сум од резултатот. Победникот ќе биде одлучен на Стемфорд Бриџ".
 
„На резултатот гледам како позитивен против многу добар тим. Тим со фантастични офанзивни фудбалери. Нашиот голман имаше фантастичен перформанс".