24фудбал

Давид Луиз: Доколку не беше Куртоа, ќе ги победевме лесно

Дефанзивецот на ПСЖ, Давид Луиз смета дека Челзи благодарение на одличниот перформанс на Куртоа успеале да останат непоразени во Париз.

Лига на Шампиони
Челзи имаше водство од 1-0, но ПСЖ беше тимот кој беше поблиску до победа, го изедначија резултатот а потоа има неколку убави можности за комплетен пресврт.
 
Давид Луиз смета дека неговиот поранешен клуб се спасил само поради одличниот Куртоа.
 
„Доколку не им беше голманот, ќе ги победевме лесно. Куртоа беше фантастичен" - изјави Давид Луиз по натпреварот.
 
„Игравме добро, тие имаа една шанса и постигнаа гол од неа. Требаше да победиме, но мислам дека сеуште можеме да се квалификуваме во четвртфиналето. Можеме да победиме таму".
 
"Имаме добар тим, добар тренер и ќе скроиме добра тактика за да дојдеме до резултатот. Реваншот ќе биде одличен на Стемфорд Бриџ".