24фудбал

Без победник на првите осминафинални натпревари од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

ПСЖ и Челзи одиграа 1-1 на Паркот на Принцовите, немаше погодоци на дуелот во Украина помеѓу Шахтјор и Баерн Минхен.

Лига на Шампиони
Тибо Куртоа е херојот на Челзи од првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, гостите од Лондон имаа водство но ПСЖ беше тимот кој имаше повеќе шанси.
 
Челзи поведе по една фантастична акција на дефанзивците во тимот, Тери упати центаршут до Кејхил кој асистираше до Ивановиќ а тој со глава погоди за водство од 1-0.
 
По десет минути игра ПСЖ го изедначи резултатот на 1-1, Матуиди центрираше, Кавани со глава го совлада Куртоа за голема радост на домаќините.
 
До крајот на натпреварот ПСЖ имаше неколку убави шанси за комплетен пресврт и победа, но Куртоа беше на висина на задачата.
 
На натпреварот помеѓу Шахтјор и Баерн Минхен немаше погодоци.
 
Последните 25 минути од натпреварот Шахтјор ги одигра со играч повеќе откако Чаби Алонси заработи втор жолт картон, но не успеа да ја искористи играчката надмоќ.
 


PSG 1-1 Chelsea ~ All Goals & Highlights 17-02... by mf2014