24фудбал

Мајнц го смени тренерот

Николче Новески доби нов тренер, Мајнц го отпушти Каспер Хјолманд и на негово место го именуваше Мартин Шмит.

Германија
Поради слабите резултати раководството на Мајнц реши да се раздели со досегашниот тренер Каспер Хјолманд.
 
На негово место веднаш беше именуван Мартин Шмит кој досега работел во младинските категории на клубот.
 
Мајнц во моментов е на 14. место но со само еден бод над зоната за испаѓање.