24фудбал

Диего Симеоне сака да биде тренер на Интер

Синот на Диего Симеоне кој е член на Ривер Плата, вели дека неговиот татко сака да биде тренер на Интер откако ќе заврши со Атлетико Мадрид.

Италија
Џовани Симеоне кој игра за младинците на Ривер Плата, ја открива желбата на неговиот татко.
 
„Татко ми би можел да се врати во Италија, во Интер. Тој го носи клубот во срцето, сака да биде таму. Кога ќе заврши во Атлетико, би можел да се врати во Интер" - вели Џовани за Gazzetta dello Sport. 
 
„Во моментов е среќен во Мадрид, но тој има посебен однос со сите негови поранешни клубови".
 
Диего Симеоне со успех настапуваше во Интер од 1997 до 1999 со кој го освои и УЕФА Купот.