24фудбал

Анчелоти: Роналдо погреши, нема да му се повтори тоа

Карло Анчелоти вели дека Кристијано Роналдо е свесен дека погрешил на дуелот со Кордоба, и додава дека Португалецот нема одново да направи таква глупост

Шпанија

CR7 предвреме го заврши натпреварот со Кордоба минатиот викенд, откако во завршницата на средбата ја загуби присебноста, го удри противничкиот играч Едимар и доби црвен картон.

За среќа на ’Кралевите’, Кристијано Роналдо доби само два натпревари суспензија и ќе биде во комбинација за големото градско дерби против Атлетико Мадрид.

Зборувајќи на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со Реал Сосиедад, Карло Анчелоти истакна дека Кристијано Роналдо веднаш се извинил за инцидентот што го креирал.


Стратегот на Реал исто така додава дека Португалецот нема одново да направи таква глупост.

„Никогаш не е добро кога сте суспендиран” – рече Анчелоти. „Без проблем ќе ја одработи казната и ќе го искористи овој период за добро да се подготви за градското дерби”.

„Не треба да се опорави од никаква повреда бидејќи нема никакви проблеми со коленоти или пак со некој друг дел од неговото тело”.

„Потребно е само да тренира нормално за да остане во топ форма. Нема вистина во сториите кои велат дека влече повреда”.

За инцидентот на дуелот со Кордоба, Анчелоти вели: „Веднаш се извини”.

„Направи грешка и го знае тоа. Нема да му се повтори”.