24фудбал

Камерунскиот напаѓач Чумбе на проба во Вардар

Камерунскиот напаѓач Седрик Чумбе е на проба во Вардар на подготовките во Анталија.

Македонија
Станува збор за 27-годишен напаѓач од Камерун кој поседува француски пасош. Чумбе ќе одигра едно полувреме на денешниот пријателски натпревар против Амкар.
 
Тој има играно за францускиот Луан Кисо, потоа во белгискиот тим Вајт Стар, па во швајцарски Шолц од каде замина во Португалија во екипата на Еспињо. Последен клуб во кој настапувал му е Феиренсе. 
 
Чумбе е вториот играч кој е на проба во Вардар, првиот е дефанзивниот фудбалер за врска, Русинот Денис Талалај.