24фудбал

Шурле пред трансфер во Волфзбург

Фудбалерот на Челзи, Андре Шурле е на чекор до враќање во Бундеслигата, играчот е пред трансфер во Волфзбург

Германија

Се верува дека двата клуба постигнале согласност за зделка вредна 30 милиони евра.

Според агентот на Андре Шурле, Челзи и Волфзбург имаат вербален договор и трансферот треба да се комплетира во текот на денот.

„Треба да се испеглаат уште неколку детали, но повеќе не разговараме за суми” – вели Инго Хоспел за новинската агенција SID.

„Трансферот треба да се комплетира во петок”.

Андре Шурле пристигна во Челзи во 2013 но не успеа да се наметне во првиот тим на ’Сините’ и покрај тоа што Жозе Мурињо постојано велеше дека има голема доверба во играчот.