24фудбал

Шакира и Пике добија втор син

Пике и Шакира добија уште еден син, познатата пејачка се породила нешто пред полноќ и на свет донесе здраво машко дете.

Шпанија
Бебето е родено во болницата Кирон Текнон во Барселона, со „царски рез“ по желба на самата Шакира.
 
Милан доби братче, неговото име сеуште не е познато, но се очекува наскоро да биде соопштено.
 
Пике и Шакира ќе ја продолжат фамилијарната традиција, и новиот син уште во првиот ден ќе стане член на Барса.