24фудбал

Челзи на чекор до Квадрадо

Според пишувањата на медиумите од Италија, Челзи е многу блиску до ангажман на Хуан Квадрадо од Фиорентина

Англија

’Сините’ се на чекор до првото засилување во зимскиот преоден рок, клубот од Стемфорд Бриџ во скоро време треба да го потврди ангажманот на Хуан Квадрадо од Фиорентина.

Според пишувањата на медиумите од Италија, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден помеѓу 30 и 33,4 милиони евра.

Како дел од зделката, Мохамед Салах ќе се пресели во Фиренца на позајмица до крајот на сезоната, но репрезентативецот на Египет ќе остане на платен список во Челзи.

Се шпекулира дека Хуан Квадрадо уште вечерва би можел да отпатува за Лондон на лекарски прегледи.