24фудбал

Матју потврди дека Меси и Енрике имале расправија

Дефанзивецот на Барселона, Жереми Матју потврди дека на почетокот од овој месец, помеѓу Луис Енрике и Лео Меси имало мало недоразбирање

Шпанија

По поразот од Реал Сосиедат на 4. јануари, често се говореше дека главната ѕвезда на ’Каталонците’ Лео Меси е во лош однос со тренерот Луис Енрике, и се најавуваше дека стратегот ќе добие отказ токму на барање на Аргентинецот.

Од таборот на ’Каталонците’ го негираа оваа, претседателот на клубот, Хосеп Бартомеу во неколку наврати истакна дека нема проблем помеѓу Меси и Енрике.

Сепак, во разговор за RMC, Жереми Матју открива дека имало инцидент помеѓу Лео Меси и Луис Енрике, двајцата имале расправија на тренингот одржан на 2. јануари.

„Инцидентот се случи кога се вративме од одмор” – вели Французинот. „На тренингот Лео ја загуби присебноста откако не му беше досуден прекршок”.

„Работите за кратко време станаа тензични и беа разменети гневни зборови”.

„Потоа Луис Енрике разговараше со Лео Меси во соблекувалната и тука беше ставен крајот на сето недоразбирање”.

„Вакви работи се случуваат во секој клуб, но бидејќи се работи за Барселона, целиот настан беше преувеличен и токму тоа е проблемот”.