24фудбал

Манчини: Туре треба да се испроба во Италија

Тренерот на Интер, Роберто Манчини признава дека е заинтересиран за фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Јаја Туре

Италија

Се говори дека репрезентативецот на БСК би можел да замине од Етихад Стадионот по крајот на сезоната, Интер е последниот клуб со кого се поврзува фудбалерот од средниот ред.


Роберто Манчини, кој соработуваше со Јаја Туре во Манчестер Сити, во разгвор со Il Giornale признава дека е заинтересиран за услугите на играчот и посакува да го види на Џузепе Меаца.

„Јаја е еден од најдобрите играчи во светот” – вели тренерот на ’Нероаѕурите’.

„Има играно за многу клубови. Има настапувано во Белгија, Украина, Франција, Шпанија и Англија. Му недостига настап во Италија. Ова би можело да биде правата можност да се пресели во Серија А”.

„Интер гради тим. Има играчи кои веднаш можат да го променат изгледот на тимот, и Јаја е еден од нив”.

„Би можеле да се обидеме следната сезона. Доколку ангажираме тројца шампиони, ќе можеме да го предизвикаме Јувентус за Скудетото”.