24фудбал

Дестро му кажа ДА на Милан

’Росоњерите’ утрово пренесоа дека Матиа Дестро дал заелено светло за преселба на Сан Сиро

Италија

Генералниот извршен директор на Милан, Адриано Галијани оваа недела со лидерите на Рома постигна согласност за трансфер на Матиа Дестро, но играчот побара дополнително време за добро да размисли за преселбата во Милано.

Договорот помеѓу двата клуба е за позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер.

Матиа Дестро сепак преферира во зделката де биде вметната клаузула според која Милан ќе биде обврзан во целост да го откупи неговиот договор, 23 годишниот напаѓач на овој начин сака да се осигура дека следното лето нема да мора да се врати во Рома и од почеток да бара нов клуб.

Утрово Матио Дестро донесе одлука, Италијанецот сепак реши да ја прифати понудата на ’Росоњерите’, ваквата вест беше потврдена од ТВ каналот на Милан.

„Матиа Дестро кажа ДА за преселба во Милан” – гласеше известувањето на ’Црвено-црните’.

Се говори дека Милан ќе плати околу 700 000 евра за позајмица на играчот до крајот на сезоната, и ќе има опција за 15 милиони евра да го направи перманентен неговиот престој на Сан Сиро.

Матиа Дестро ќе добие плата од 2,5 милиони евра по сезона и договор со трајност до 2020.