24фудбал

Играчите на Кембриџ од свој џеб ќе ги платат дресовите што ќе ги разменат со ѕвездите на Јунајтед

Менаџерот на Кембриџ Јунајтед, Ричард Мани ги предупредува своите играчи дека ќе мора да си платат од сопствен џеб доколку ги променат дресовите со фудбалерите на ’Црвените Ѓаволи’

Англија

Доколку некои од играчите на Кембриџ сакаат сувенир дрес од ѕвездите на ’Црвените Ѓаволи’ по крајот на натпреварот, тоа ќе ги чини 40 фунти, односно ќе мора од свој џеб да си купат нови дресови од фан шопот на клубот.

„Не сме доволно богати за да ги подариме дресовите” – вели менаџерот на Кембриџ, Ричард Мани.

„Доколку ги заменат дресовите, играчите ќе мора да си најдат нови. Можеби клубот ќе се смилува и ќе им обезбеди нови, но сигурно јас нема да го сторам тоа”.

„Често се случува во Премиерлигата играчите да разменат дресови на полувреме. Не разбирам зошто фудбалери од топ класа би сакале да ги разменат дресовите на полувреме”.

„Можете да разберете доколку некој наш играч сака на полувреме да размени дрес, но веројатно никој нема да го стори тоа бидејќи ќе нема што да носи во второто полувреме”.

Медиумите од ’Островото’ пренесуваат дека Четвртолигашот има буџет за плати нешто повеќе од еден милион фунти или колку што Вејн Руни заработува за еден месец.

Дуелот со Манчестер Јунајтед на Кембриџ ќе му донесе 250 000 фунти од продажба на ТВ правата.