24фудбал

Ето е во Италија, го финализира трансферот во Сампдорија

Напаѓачот на Евертон, Самуел Ето е во Италија каде што треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со Сампдорија.

Италија
Наскоро ќе се официјализира враќањето на Самуел Ето во Серија А, негов нов клуб ќе биде Сампдорија.
 
33-годишниот фудбалер ќе потпише две ипол годишен договор со годишна плата од еден милион евра и можност да биде клупски директор откако ќе се пензиорнира од фудбалската игра, објавува Скај Италија.
 
Покрај Сампдорија, за потписот на Ето се интересирале и Њујорк Космос, новиот тим во МЛС, но Камерунецот сакал преселба во Италија.
 
Евертон е во потрага по замена за Самуел Ето, а како едно од имињата со кои се поврзуваат е и нашиот Горан Пандев.