24фудбал

Мурињо: Сметам на Шурле и Салах

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо вели дека не сака промени во составот, но доколку некој замине тие ќе донесат соодветно засилување

Англија

Андре Шурле се поврзува со враќање во Бундеслигата, каде интерес за неговите услуги пројавуваат Волфзбург и Борусија Дортмунд, додека пак Мохамед Салах е трансфер желба на Рома.

Во исто време, медиумите го поврзуваат Челзи со Хуан Квадрадо од Фиорентина и Даглас Коста од Шахтјор.

Зборувајќи на денешната прес конференција, Жозе Мурињо истакна дека не сака промени во составот, но додава дека тие ќе донесаат соодветни засилувања доколку некој замине.

„Сакаме Шурле да остане” – вели ’Специјалниот’. „Не се работи за тоа дали ќе добиеме добра понуда, туку дали ќе добиеме феноменална понуда и плус играчот да има огромна желба да прифати нов предизвик”.

„Не можам со сигурност да кажам дека тие (Шурле и Салах) ќе бидат дел од Челзи и по крајот на месецот, но ми се допаѓаат, потребни ми се и им верувам”.

„Не можам постојано да избирам едни исти играчи. Точно е дека Салах и Шурле играа малку, но имаат играно во сите натпреварување. Сметам на нив”.

„Немаме желба да бидеме активни на трансфер пазарот. Планот е да го задржиме составот”.

„Ќе направиме измени во составот само доколку некој не принуди на тоа и испрати понуди за нашите играчи”.

Запрашан за можноста Хуан Квадрадо да се пресели на Стемфорд Бриџ, Португалецот одгвори: „Немаме пикрано ниту еден играч”.

„Мислам дека Квадрадо одлично се вклопува во составот на Фиорентина и во составот на Колумбија, но не и во составот на Челзи”.