24фудбал

Агентот, Мино Раиола сака да се кандидира за претседател на ФИФА!

Познатиот италијански агент, Мино Раиола е во потрага по поддршка од пет фудбалски федерации за да може да го предизвика Сеп Блатер на изборите за нов претседател на ФИФА.

Останато
Агентот кој како клиенти ги има Ибрахимовиќ, Балотели, Погба... сака да биде нов претседател на ФИФА.
 
Италијанецот до следниот четврток треба да обезбеди поддршка од пет фудбалски федерации за да може да го предизвика Блатер на изборите.
 
„Ја критикувам ФИФА со години, сега време е да превземам нешто конкретно" - вели Раиола.
 
„Доста ми е тоа како Блатер и ФИФА го третираат фудбалот, не сакам ниту да помислам дека тој човек повторно ќе биде избран".
 
„ФИФА треба да гледа да ги задоволи фановите, професионалните фудбалери и аматерските фудбалер, но тие не прават ништо за овие групи".
 
„Организираа Светско првенство во Јужна Африка и бараа 150 евра по тикет? Тоа е срамота. ФИФА сака да огранизира забава во нечија куќа и бара големи пари за тоа, но сопственикот на куќата не добива ништо. Тоа мора да прекине".
 
„Нејасно ми е како некои федерации сеуште гласаат за Блатер. Доколку луѓето гласаат за Блатер, тие гласаат за Северна Кореја, доколку гласаат за мене, гласаат за Јужна Кореја".
 
„Доколку не успеам навреме да се кандидирам, ќе се обидам повторно за четири години. Ќе најдам пет федерации кои ќе ме поддржат. Кои? Не можам да го кажам тоа сега. Многу работи можат да се променат до изборите".