24фудбал

Кавани негира дека е во лош однос со Ибра

Единсон Кавани вели дека се е во ред помеѓу него и Златан Ибрахимовиќ, Уругваецот додава дека може многу да научи од својот колега од нападот

Франција

L’Equipe вчера објави дека односот помеѓу двајцата напаѓачи е премногу лош и до тој степен што еден од нив ќе мора да замине од Паркот на Принцовите.

Единсон Кавани сепак експресно ги негираше ваквите стории, вели дека се е во ред помеѓу него и Златан Ибрахимовиќ, и додава дека може многу да научи од Швеѓанецот.

„Немам никакви проблеми со Ибрахимовиќ” – рече Уругваецот по вчерашната победа над Бордо во Купот на Франција.

„Медиумите се тие што непотребно креираат проблеми, сето тоа е еден голем медиумски циркус”.

„Имаме меѓусебна почит со Ибра. Како може да не го почитувам? Тој креираше историја”.

„Можам многу да научам од него”.