24фудбал

Реал Мадрид го потврди ангажманот на Мартин Одегард

Реал Мадрид потврди дека го ангажираат норвешкиот тинејџер Мартин Одегард, останува уште фудбалерот да ги помине медицинските тестови за трансферот да биде комплетиран.

Шпанија
16-годишното чудо од дете кој веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Норвешка, ќе биде нов играч на Реал Мадрид.
 
Неколку клубови се интересираа за неговиот потпис, но кралскиот клуб ја доби трката.
 
Одегард денеска ќе ги помине медицинските тестови по што ќе стави потпис на договорот со Реал Мадрид и ќе биде презентиран пред медиумите.