24фудбал

’Црвените Ѓаволи’ понудиле 80€ милиони за Погба

Според пишувањата на La Stampa, Манчестер Јунајтед до Јувентус испратил понуда за услугите на Пол Погба вредна 80 милиони евра

Англија

Агентот на играчот, Мино Раиола вчера имал средба со лидерите на ’Бјанконерите’ на која им го презентирал првиот конкретен предлог за репрезентативецот на ’Триколорите’.

La Stampa пренесува дека Манчестер Јунајтед на Јувентус му понудил 80 милиони евра, а доколку Пол Погба се врати на Олд Трафорд ќе добие плата од 9 милиони евра по сезона.

Весникот додава дека ова е само почеток на аукцијата за услугите на Французинот и сега на ред се Манчестер Сити и ПСЖ.

Но овие два клба имаат одредени финансиски ограничувања поради прекршување на прваилата за Финансиски Фер Плеј, па најпрво ќе мора да продадат некого за да можат да ја изедначат понудата на ’Црвените Ѓаволи’.