24фудбал

Ето пред трансфер во Сампдорија

Сампдорија верува дека е на добар пат да го ангажира Самуел Ето од Евертон, Камерунецот е пред враќање во Серија А.

Англија
33-годишниот Самуел Ето би можел да потпише за Сампдорија во јануарскиот преоден рок откако неговата кариера во Евертон не се одвива како што тој посакува.
 
Ето почесто е на клупата отколку на теренот, Сампдорија сака да ја искористи таквата ситуација и да го ангажира поранешниот играч на Интер.
 
„Нашите преговори со Ето се речиси завршени" -  изјави Карло Осто, спортскиот директор на Сампдорија.
 
„Тој сака да се пресели во Сампдорија и во моментов разговара со Евертон со цел да најде решение за неговиот договор со нив".
 
„Евертон е во потрага по замена за Ето, тоа може ќе потрае некој ден повеќе од очекуваното, но ние сме оптимисти и се надеваме дека тој наскоро ќе дојде во нашиот клуб".
 
„Мислам дека Ето е фудбалер со голем карактер кој може само да им помогне на нашата група фудбалер да созреат уште повеќе".