24фудбал

Мурињо: Џерард треба да остане

Жозе Мурињо жали што Стивен Џерард ќе ја напушти Премиерлигата, ’Специјалниот’ исто така се шегува дека ќе се обиде да го ангажира играчот на позајмица

Англија

Популарниот ’Стиви Џи’ нема да ја продолжи верноста кон Ливерпул, и по крајот на сезоната откако ќе му истече договорот со ’Црвените’ ќе се пресели во САД во редовите на Лос Анџелес Галакси.

Жозе Мурињо, кој во два наврати се обиде да го ангажира репрезентативецот на Англија, вели дека жали што капитенот на Ливерпул ја напушта Премиерлигата.

’Специјалниот’ исто така се пошегува дека ќе се обиде да го ангажира Стивен Џерард на позајмица.

„Не сум среќен што тој заминува” – рече менаџерот на Челзи по вчерашниот дуел со Ливерпул во полу-финалето од Лига Купот. „Би сакал Премиерлигата да ги задржи најдобрите играчи”.

„Мислам дека има има доволно квалитет да продолжи да игра во Премиерлигата. И покрај тоа што ми е противник, жалам што заминува”.

Запрашан дали ќе се обиде да разговара и да го убеди Стивен Џерард да остане, Мурињо со насмевка на лицето одгвори: „Или пак можеби да го ангажирам на позајмица”.