24фудбал

Јунајтед ќе го купи Фалкао за го трампа со Кавани?

Според пишувањата на L’Equipe, ’Црвените Ѓаволи’ ќе се обидат да стигнат до услугите на Единсон Кавани нудејќи го Радамел Фалкао во замена

Англија

Репрезентативецот на Уругвај во неколку наврати се пожали дека не е задоволен од статусот на Паркот на Принцовите, односно од фактот што мора да игра по крилните позиции бидејќи местото во форот е резервирано за Златан Ибрахимовиќ.

Денешното издание на L’Equipe вели дека односот помеѓу двајцата напаѓачи е премногу лош и до тој степен што еден од нив ќе мора да замине од ПСЖ.

Весникот посочува дека тоа најверојатно ќе биде Единсон Кавани за кого голем интерес пројавуваат неколку клубови од Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед од поодамна го следи Уругваецот и се говори дека летоска ќе испрати нова понуда за неговите услугите.

L’Equipe додава дека ’Црвените Ѓаволи’ размислуваат за идеата да го понудат Радамел Фалкао на ПСЖ во замена за Единсон Кавани.

Репрезентативецот на Колумбија во мементов е на позајмица на Олд Трафорд, но Манчестер Јунајтед има опција да го направи перманентен неговиот трансфер за 55 милиони евра.