24фудбал

Габриел Паулиста ќе биде нов фудбалер на Арсенал

Арсенал е блиску до комплетирање на трансферот на дефанзивецот на Виљареал, Габриел Паулиста.

Англија
Се очекува трансферот да биде комплетиран до крајот на неделата, одредени медиуми дури пишуваат дека работата може да биде официјализирана и денеска, сумата која ќе ја платат Топџиите за оваа зделка изнесува 20 милиони евра.
 
Тренерот на Виљареал, Марселино потврди дека Габриел е на пат да стане нов фудбалер на Арсенал.
 
„Јас не сум инволвиран во продажбата на Габриел, ова се лоши вести од спортска гледна точка" - вели Марселино.
 
„Но доколку Габриел и клубот веруваат дека продажбата во Арсенал е најдоброто за сите, тогаш прифаќам".
 
Габриел Паулиста во Арсенал ќе зема тројно поголема плата од онаа во Виљареал.