24фудбал

Липи го советува Јуве: Продајте го Погба

Поранешниот предводник на ’Бјанконерите’, Марчело Липи ги советува лидерите на Јувентус да го продадат Пол Погба и да купат неколку квалитетни играчи

Италија

Репрезентативецот на ’Триколорите’ бележи огромен прогрес по преселбата во Торино, со добрите игри го привлече вниманието на гигантите и се почесто се говори за негов мега трансфер.

Се шпекулира дека Реал Мадрид е подготвен да плати 100 милиони евра за услугите на Пол Погба.

Лидерите на Јувентус не сакаат лесно да се откжат од талентираниот Французин, во октомври минатата година ја продолжија соработката со играчот до 2019.

Во разговор со Sky Sport 24, Марчело Липи вели дека заминувањето на Пол Погба ќе биде голема загуба, но верува дека Јувентус може да има бенефит од продажбата на фудбалерот.

Поранешниот предводник на ’Бјанконерите’ како пример го посочи трансферот на Зинедин Зидан во 2001, кога со парите од продажбата на популарниот ’Зизу’ Јувентус ги купи Павел Недвен, Џиџи Буфон и Лилијам Туран, и создаде тим кој продолжи да победува.

„Секако дека Јуве ќе направи огромно жртвување доколку го продаде Погба” – вели Липи. „Но ќе добие многу пари, со кои ќе може да купи три или четири квалитетни фудбалери и да го засили тимот”

„Кога по одморот се вратив во Јувентус во 2001, добив повик од Ањели и бев известен дека мораме да го продадеме Зинедин Зидан”.

„Но во исто време Ањели ми кажа дека не треба да бидам загрижен, бидејќи сите пари ќе ги потрошиме за засилувања”.

„Ги купивме Буфон, Недвед и Турам, се засиливме и продолживме да победуваме”.