24фудбал

Челзи ги продава Салах и Шурле за да го купи Квардадо

Според информациите на англиските медиуми, Челзи е подготвен да плати 35 милиони евра за услугите на фудбалерот на Фиорентина, Квардадо.

Англија
За тоа да се случи, Челзи најпрво сака да се ослободи од Салах кој е блиску до Рома за трансфер вреден 15 милиони евра и да го продаде Шурле за кој интерес има од повеќе клубови.
 
Со средствата собрани од продажбата на овие двајца фудбалери, Челзи е подготвен да го донесе Квардадо кој има откупна клаузула од 35 милиони евра.
 
Медиумите потенцираат дека Мурињо е фан на Квардадо уште од времето кога беше тренер на Реал Мадрид.