24фудбал

Одегард го одбрал Реал Мадрид

Според пишувањата на медиумите од Норвешка, талентираниот Мартин Одегард ќе потпише за Реал Мадрид

Шпанија

16 годишниот репрезентативец на Норвешка, кој важи за еден од најголемите таленти во Европа, изминатите неколку месеци беше на проба во голем број на клубови.

Последните извештаи велат дека тој конечно донел одлука за следната дестинација, според пишувањата на Drammens Tidende, Мартин Одегард го одбрал Реал Мадрид.

Весникот пренесува дека во скоро време ќе пристигне официјална потврда за зделката, а за услуги на фудбалерот од средниот ред ’Кралевите’ ќе платат помеѓу 2,3 и 3,4 милиони евра.

Извештајот вели дека Мартин Одегард кариерата ќе ја започне во Реал Мадрид Б, вториот тим на ’Лос Бланкос’, кој настапува во третата шпанска лига и го предводи Зинедин Зидан.