24фудбал

Милан штеди, го продаде клупскиот автобус

’Росоњерите’ го продадоа клупскиот автобус со цел да ги намалат трошоците и да заштедат неколку стотици илјади евра

Италија

Клубот од Сан Сиро го следеше потегот на Интер и Јувентус, па реши да го продаде клупскиот автобус.

Милан на ваков начин се обидува да ги намали трошоците, се верува дека ’Росоњерите’ ќе заштедат помеѓу 200 000 и 300 000 евра годишно.

Фановите не можат да го сфатат овој чекор на раководството, па на социјалните мрежи ја исмеваа продажбата на автобусот.

’Тифозите’ бараат алтернативен превоз за Пипо Изаги и неговите избраници, а најчесто споменувана е идеата на гостувањето против Лацио во Рим тие да патуваат со автостоп.