24фудбал

Мурињо ги одбил Ди Марија и Фалкао

Жозе Мурињо вели дека му била понудена можноста да ги донесе Анхел Ди Марија и Радамел Фалкао на Стемфорд Бриџ, но одбил да го стори тоа поради огромните примања на двајцата фудбалери

Англија

Изминатово лето Аргентинецот се пресели во Манчестер Јунајтед во рекорден трансфер за ’Островото’ вреден 60 милиони фунти, додека пак Колумбиецот пристигна на Олд Трафорд на позајмица до крајот на сезоната.

Жозе Мурињо сега открива дека дуото најпрво му било понудено нему, но тој одбил да ги ангажира Анхел Ди Марија и Радамел Фалкао поради нивните огромни примања.

’Специјалниот’, чиј агент Жорж Мендес исто така ги застапува Ди Марија и Фалкао, верува дека високите плати на двајцата фудбалери ќе креирале експлозија во Челзи.

Во книгата The Key to Mendes, менаџерот на Челзи вели: „Жорж ми кажа дека Ди Марија и Фалкао се негови играчи и треба да најде решение за нив”.

„Но доколку Челзи нема финансиски капацитет за плата од осум, девет или 10 милиони евра годишно, поради финансискиот фер плеј, секако дека Мендес треба во прв план да ги има своите играчи”.

„Исто така, не можевме да ги донесеме бидејќи јас не го сакав тоа. Не можам да ангажирам играч кој заработува 10 милиони евра по сезона кога во тимот имам играчи кои заработуваат три, четири или 5 милиони евра”.

„Тоа ќе креираше експлозија”.