24фудбал

Ројс не се договорил со ’Кралевите’

Борусија Дортмунд и агентот на Марко Ројс ги негираат сториите кои велат дека репрезентативецот на Германија веќе се договорил со Реал Мадрид

Германија

El Confidencial вчера објави дека Марко Ројс со ’Кралевите’ постигнал согласност за пет годишен договор и плата од 7 милиони евра по сезона.

Сепак, Борусија Дортмунд и агентот на играчот ги демантираат ваквите шпекулации.

Генералниот извршен директор на ’Милионерите’, Ханс Јоаким Вацке за Bild изјави: „Нема вистина во ваквите написи”.

Агентот на Марко Ројс, Дирк Хебал додава: „Ваквите стории се бесрамни глупости”.

По крајот на сезоната во договорот на играчот ќе се активира откупна клаузула вредна 25 милиони евра, сума што лесно можат да си ја дозволат гигантите ширум Европа, па се очекува на адреса на Марко Ројс да пристигнат неколку понуди