24фудбал

Леонардо бара оштета од 8,5€ милиони од ФФФ

Поранешниот спортски директор на ПСЖ, Леонардо бара оштета од 8,5 милиони евра од Фудбалската Федерација на Франција за нарушен имиџ и репутација

Франција

Во мај 2013 Леонардо доби суспензија од 9 месеци поради инцидентот во кој го турна судијата Александре Кастро по натпреварот помеѓу ПСЖ и Валенсиен одигран на Паркот на Принцовите.

Тој ја обжали ваквата одлука, негираше дека имал намера физички да го нападне судијата, но наместо поблага пресуда, Фудбалската Федерација на Франција му ја зголеми казната и го суспендираше на 14 месеци.

Бразилецот ја продолжи битката пред судот во Париз, кој минатата година пресуди во корист на Леонардо и ја поништи суспензијата.

Па затоа поранешниот спортски директор на ПСЖ до Фудбалската Федерација на Франција сега достави барање за оштета од 8,5 милиони евра за нарушен имиџ и репутација.