24фудбал

Александар Лазевски потпиша за Олимпија

Македонскиот фудбалер, Александар Лазовски се сели во Словенија откако потпиша едногодишен договор за Олимпија Љубљана.

Македонија
Поранешниот играч на Партизан, Лазевски од украинскиот клуб Говерла се сели во Олимпија Љубљана.
 
Македонскиот бек потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката.
 
„Задоволство ми е што ќе бидам дел од клуб каков што е Олимпија, клуб со богата традиција и историја. Се надевам дека ќе оставам добар впечаток во Љубљана и ќе помогнам клубот да ги оствари своите цели" - изјави Лазевски.