24фудбал

Официјално: Сити го комплетираше трансферот на Бони

Манчестер Сити се засили со Вилфред Бони од Свонси, напаѓачот стави потпис на четири ипол годишен договор со ’Граѓаните’

Англија

Фудбалската Федерација на Брегот на Слоновата Коска утрово пренесе дека Вилфред Бони денеска потпишал за Манчестер Сити.

Во прв момент Свонси и ’Граѓаните’ ја негираа ваквата сторија, но актуелниот шампион на Англија попладнево го потврди трансферот.

„Манчестер Сити го комлетираше трансферот на Вилфред Бони од Свонси” – гласеше соопштението.

„26 годишниот напаѓач стави потпис на четири ипол годишен догвоор според кој ќе остане на Етихад Стадионот до крајот на сезоната 2018/19”.

За преселбата во Манчестер Сити, репрезентативецот на БСК вели: „Среќен сум, голема чест ми е што сум тука. Ова е огромен предизвик”.

„Секој фудбалер сака да игра за еден од најдобрите клубови во светот, ова е добра прилика за мене да се најдам токму во ваква ситуација, па горд сум”.

Вилфред Бони очекува неговиот сонародник Јаја Туре да му помогне што побрзо да се адаптира на новата средина: „Разговарав со Јаја секој ден и мислам дека тој ќе ми помогне да станам подобар играч и поубиствен напаѓач”.

Детали од зделката не се откриваат, според медиумите од Англија, Манчестер Сити за услугите на Вилфред Бони ќе плати околу 28 милиони фунти.