24фудбал

Навивач на Рома отиде чекор подалеку од другите, го истетовира селфито на Тоти! (ФОТО)

Прославата на голот на Тоти која предизвика огромни реакции на социјалните мрежи, се најде и на телото на еден навивач на Рома.

Италија
Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти беше во центарот на вниманието на последното римско дерби, со два погодоци во второто полувреме го спаси својот тим од пораз, но она што крена најголем прав, беше прославата на вториот погодок.
 
Тоти прослави на необичен начин, зема мобилен телефон и направи селфи накај публиката.
 
Ваквиот потег предизвика огромни реакции, навивачите на Рома се воодушевуваа, фановите на Лацио го исмејуваа.
 
А едно момче, навивач на Рома отиде чекор подалеку од сите други и на своето тело ја истетовира прославата на Тоти.