24фудбал

Меси: Сториите кои се појавуваат во медиумите се лага, останувам во Барса

Лионел Меси негираше дека има посебни барања за да остане во Барселона, вели дека нема намера да го напушти Камп Ноу.

Шпанија
Синоќа Барселона одигра одличен натпревар против Атлетико Мадрид и со головите на напаѓачкото трито Нејмар-Суарез-Меси, дојде до три многу значајни бода.
 
Пред натпреварот постојано се пишуваше за односот помеѓу Луис Енрике и Меси, за барањата на Аргентинецот тренерот да биде сменет доколку клубот сака тој да остане.
 
Но, по синоќешниот натпревар, Меси ги негираше таквите написи велејќи дека сето тоа е лага, тој нема никакви барања и нема намера да си замине од Барселона.
 
„Не барам ништо за да останам, немам намера да заминам никаде" - вели Меси за Барса ТВ.
 
„Слушнав стории за Челзи и Сити, но сето тоа е лага. Ја користам оваа прилика за да го демантирам тоа, па сега сите ја знаат вистината. Благодарен сум што ја давам мојата верзија на случувањата".
 
„Озборувањата болат бидејќи доаѓаат од тука, од Барселона, од луѓето кои го сакаат клубот, или велат дека го сакаат. Не доаѓаат од Мадрид како што беше во минатото".
 
„Не е добро да бараат некое ривалство помеѓу Луис Енрике и мене, бидејќи такво нешто не постои".
 
„Сум слушнал многу работи. Во минатото се зборуваше дека сум имал лош однос со Гвардиола, Ето, Бојан, Ибра, но тоа не е вистина".
 
„Никогаш не сум побарал од нив да се скараат со тренерот или било кој. Тоа не е точно, никогаш не би го направил тоа. Сега треба да бидеме обединето повеќе од било кога".
 
„Тие се обидуваат да направат слика дека јас го водам клубот, но јас сум само уште еден фудбалер во составот, исто како и моите соиграчи. Не донесувам одлуки, не сакам да носам одлуки"