24фудбал

Волфзбург нуди 30 милиони евра за Шурле

Шурле кој не игра во добра форма оваа сезона во Челзи, може да замине од Стемфорд Бриџ во јануарскиот преоден рок, информациите велат дека Волфзбург е сериозно заинтересиран.

Германија
Шурле не добива голема шанса од Мурињо оваа сезона, а кога ќе влезе во игра е далеку од задоволителна форма, па Челзи би можел да го пушти да замине доколку на нивна адреса пристигне сериозна понуда.
 
Информациите велат дека таква пристигнала од Волфзбург кој е подготвен да одвои 30 милиони евра за реализација на овој трансфер.
 
Волфзбург игра сериозна сезона во Бундеслигата а целта е место кое води во Лигата на Шампионите.
 
Челзи го купи Шурле за 18 милиони евра, па со оглед на формата на фудбалерот, не би имале против да го продадат за 30 и да дојдат до добра заработка од германскиот играч.