24фудбал

Уапсен фанот кој се обиде да му одржи лекција на Венгер (ВИДЕО)

Полицијата го приведе фанот кој на вчерашниот натпревар помеѓу Саутемптон и Арсенал влезе на теренот и вербално го нападна менаџерот на ’Топџиите’, Арсен Венгер

Видео

Кон финишот на средбата, кога беше јасно дека ’Светците’ ќе забележат победа, лут навивач влезе на теренот се упати кон клупата на Арсенал и му дофрли нешто на менаџерот на Арсенал.

Редарите реагираа експресно и не дозволија поголем инцидент, а подоцна фанот беше уапсен од полицијата.

Според управата на Саутемптон, се работело за фан на Арсенал кој купил билет од трибините наменети за домашните навивачи.

На прес-конференцијата, Арсен Венгер истакна дека се работело за младо момче, најверојатно фан на ’Светците’, кое воопшто не било агресивно.

„Беше младо момче” – рече Венгер. „Мислам дека беше фан на Саутемптон. Воопшто не беше агресивен”.

„Што ми кажа? Мислам дека не рече ништо”.