24фудбал

Баерн го продава Шакири за 12,5€ милиони

Според пишувањата на медиумите, ’Баварците’ ќе му дозволат на Џердан Шакири да замине во јануари за 12,5 милиони евра

Германија

Репрезентативецот на Швајцарија изминатото лето имаше неколку понуди но Баерн Минхен тогаш не сакаше да слушне за продажба на офанзивниот фудбалер.

Сепак, Џердан Шакири одново не успеа да се наметне кај Пеп Гвардиола, има ограничена минутажа, па се почесто се говори за негово заминување веќе во јануари.

Според денешното издание на Blick, ’Баварците’ му дале зелено светло на играчот да си пронајде нов клуб.

Реномираниот швајцарски весник пренесува дека Џердан Шакири во зимскиот преоден рок ќе биде достапен за 12,5 милиони евра, сумата што Баерн Минхен ја одвои за негов ангажман во 2012.

Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Атлетико Мадрид и Волфзбург се посочуваат како клубовите кои пројавуваат интерес за 23 годишниот Швајцарец.