24фудбал

Перез: Реал нема да купува во јануари

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вели дека ’Каралевите’ нема да се засилат во зимскиот преоден рок

Шпанија

Се шпекулира дека шампионот на Европа во јануари ќе го донесе Лукас Силва од Крузеиро, но според првиот човек на клубот, зделката најверојатно ќе се случи по крајот на сеазоната.

„Освен доколку не се случат некои неочекувани работи, нема да ангажираме нови играчи во зимскиот преоден рок” – вели претседателот на Реал Мадрид.

„Доколку пристигне Лукас Силва, тоа ќе се случи по крајот на сезоната”.

Медиумите исто така шпекулираат дека ’Кралевите’ летоска ќе се засилат со репрезентативецот на Германија, Марко Ројс.

„Го следиме Ројс, како што следиме и други квалитетни фудбалери” – додава Флорентино Перез.

„Пријател сум со претседателот на Борусија Дортмунд и не сме разговарале за Ројс”.

Запрашан дали Реал има потреба од ѕвездата на ’Милионерите’, Перез вели: „Не знам кого ќе треба да отстраниме од тимот за да направиме место за Ројс”.