24фудбал

Ројс казнет со 540 000€, возел без дозвола

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс е казнет со повеќе од половина милион евра бидејќи возел без дозвола

Германија

Репрезентативецот на Германија често е споменуван во весниците со оглед на тоа дека речиси сите топ клубови од Европа посакуваат да дојдат до неговиот потпис.

Неговото име денеска одново е топ тема на весниците, но овој пат за работа која не е поврзана со фудбалот.

Имено, Марко Ројс веројатно ја доби највисоката казна за сообраќаен прекршок во историјата на Германија, ѕвездата на Борусија Дортмунд ќе треба да плати глоба од неверојатни 540 000 евра бидејќи возел без дозвола.

Како што пренесуваат медиумите, од 2011 па наваму камерите го ’уловиле’ играчот како вози побрзо од дозволеното најмалку во пет наврати, но си ги плаќал казните редовно па полицијата не приметила дека вози без дозвола.

Дури во март оваа година, при една рутинска контрола полицијата установила дека Марко Ројс никогаш не полагал за возачка дозвола.

Со оглед на тоа дека има големи примања, обвинителството смета дека казната од 540 000 евра е соодветна за ваквиот прекршок.

„Знам дека бев наивен и она што го направив е глупаво. Ја научив лекцијата и ова нема да се повтори” – вели Марко Ројс.