24фудбал

Турците се предомислуваат, Пандев останува во Галатасарај?

Еден блесок на Горан Пандев и веднаш се менува мислењето на турската јавност, медиумите од оваа земја сега пишуваат дека Галатасарај нема да го продаде македонскиот фудбалер.

Македонија
Пандев синоќа за едно полувреме постигна хет-трик, конечно одигра натпревар на високо ниво и ги импресионира Турците кои беа скептици за неговите квалитети.
 
Но пред Пандев сега престои уште потешка задача, во наредните натпревари треба да покаже континуитет на добри натпревари и да ги убеди неверниците дека е напаѓач од висока класа.
 
Турските медиуми не чекаа многу, брзо по хет-трикот почнаа да пишуваат дека Пандев со одличното издание ги разубедил челниците на Галатасарај, клубот мисли да го задржи Македонецот и да му даде вистинска шанса во наредните натпревари.
 
Пофалби стигнаа и од тренерот Хамза Хамзаоглу кој рече дека квалитетот на Пандев е неспорен, но треба да поработи на физичката подготовка која не му е на највисоко ниво.
 
Претходно силно се шпекулираше дека Горан Пандев уште во јануари ќе се врати во Италија, каде што интерес за неговите услуги има од Торино, Сампдорија и Фиорентина.