24фудбал

Нова повреда за Новески

Македонскиот фудбалер, Николче Новески нема среќа, штотуку се врати по една повреда, заработи друга.

Македонија
Новески требаше да биде стартер за Мајнц на синоќешниот натпревар против Келн, но Македонецот се повредил на загревањето и не беше дел од дуелот.
 
Од лекарскиот тим на Мајнц информираа дека по деталните тестови ќе се знае за повредата на Новески.
 
Македонскиот фудбалер кој е капитен на тимот, се повреди кон крајот на август и цели три месеци беше во аут, се врати на терените, одигра четири натпревари и сега повторно ќе паузира поради повреда.