24фудбал

Нова шанса за Горан Пандев, Македонецот во стартниот тим на Галатасарај!

Пандев има нова, можеби и последна шанса да постигне гол во дресот на Галатасарај, Македонецот е во стартниот тим за вечерашниот куп натпревар.

Македонија
Галатасарај во 19:30 игра куп натпревар против екипата на Балчова, Горан Пандев ќе биде најистурен во нападот на гостинскиот тим.
 
Пандев доби шанса и во претходниот куп натпревар на Галатасарај, но промаши пенал и беше заменет по само едно полувреме.
 
Ова можеби е и последна можност за македонскиот фудбалер да постигне гол во дресот на Галатасарај пред да биде продаден во јануари.