24фудбал

Андер Ерера: Совеста ми е чиста, не сум наместил натпревар

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера негира вмешаност во местење на натпреварот помеѓу Леванте и Сарагоса

Англија

Андер Ерера заедно со капитенот на Атлетико Мадрид, Габи и селекторот на Јапонија, Хавиер Агире се најзвучните имиња помеѓу 41 лица обвинети за местење на средбата помеѓу Леванте и Сарагоса одиграна во мај 2011.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед преку Фејсбук сега негира вмешаност во местење на натпреварот, вели дека неговата совест е чиста.

„Во легалниот процес против Реал Сарагоса, клубот за кого ми беше чест што играв од 12 до 22 години, има 41 луѓе посочени како потенцијални сведоци, и јас сум еден од нив” – гласеше известувањето на Ерера.

„Никогаш не сум имал нешто ниту пак ќе имам со манипулирање на исходот на натпревар”.

„Доколку ме повикаат да сведочам, со задоволство ќе го сторам тоа бидејќи мојата совест е чиста”.

„Го овожавам фудбалот и верувам во фер плеј”.

Доколку бидат прогласени за виновни, на обвинетите им се заканува затворска казна како и суспензија од фудбалските терени.