24фудбал

Бока им продава трева на навивачите (ФОТО)

Аргентинскиот клуб, Бока Јуниорс на фановите им ја продава тревата од стадионот „Ла Бомбоњера“ и очекува приход од околу 300.000 долари.

Јужна Америка
Кога по две децении конечно се реши да ја смени тревата на стадионот „Ла Бомбоњера“, Бока Јуниорс тоа го направи со генијална идеја и успеа да заработи околу 300 илјади долари.
 
Бока Јуниорс ја искористи неверојатната пасија која ја имаат нивните фанови, па наместо да ја фрли старата трева од стадионот, им ја продава на навивачите.
 
Спакувана во мали саксии, секој навивач можеше да купи трева по цена од 200 пезоси (23 долари), вкупниот приход кој би требало да биде инкасиран од продажбата на тревата изнесува околу 300 илјади долари.
 
Клубот денеска информираше дека повеќе од 6.000 фанови купиле трева, некои една саксија, но некои и по многу повеќе.
 
Откако им пројде оваа идеја и успеа да заработи на пасијата на навивачите, можеби Бока ќе се реши почесто да ја менува тревата на „Ла Бомбоњера“.