24фудбал

Одегард утре ќе потпише за Баерн?!

Според медиумите од Германија, Баерн Минхен ја добива битката за супер талентот Мартин Одегард, Норвежанецот утре ќе потпише за ’Баварците’

Германија

15 годишниот офанзивен фудбалер важи за голема надеж и е желба на огромен број клубови ширум Европа.

Последните извештаи велат дека Баерн Минхен ја добива трката за Мартин Одегард, и официјална потврда би можела да пристигне веќе утре.

Во среда играчот ќе наполни 16 години и со тоа ќе може да стави потпис на договор со ’Баварците’.

Мартин Одегард неколку дена е во Минхен и тренираше со шампионот на Германија.

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге го опиша младиот Норвежанец како ’најголемиот талент на векот’.