24фудбал

Занети: Балотели во Интер? Тешко

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети вели дека мали се шансите Марио Балотели да се врати на Џузепе Меаца

Италија

Популарниот ’Супер Марио’ прикажува бледи партии на Енфилд па веќе се говори за негово заминување од Ливерпул.

Медиумите шпекулираат за враќање на играчот во Интер со оглед на тоа дека ’Нероаѕурите’ планираат да го засилат нападот.

Сепак, потпретседателот на Интер, Хавиер Занети ја отфрла можноста Марио Балотели одново да го облече ’Црно-синиот’ дрес.

Во разговор со Sky Italia тој вели: „По дуелот со Лацио ќе разговараме и ќе видиме какви чекори треба да превземеме”.

„Балотели би можел да се врати? Знаеме дека Марио е одличен фудбалер, но мислам дека една ваква зделка е тешко остварлива со оглед на тоа дека пред неколку месеци тој пристигна во Ливерпул”.

„Повторувам, по дуелот со Лацио ќе имаме средба и ќе ја договориме стратегијата за настап на трансфер пазарот”.